Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги потврди термините за четвртфиналните натпревари меѓу екипите на Охрид и Олимпијакос во Европскиот Куп.
Првиот натпревар ќе се игра на 29 март во Атина (Грција), додека реваншот ќе се одигра на 4 април во Охрид (Македонија), во салата “Билјанини Извори”.
Победникот од двомечот меѓу екипите на Охрид и Олимпијакос, ќе се соочи со победникот од натпреварите меѓу Целје и Бузау во полуфиналето.

(фото – ГРК Охрид)📷








