Во хотел „DoubleTree by Hilton“ во се одржа втората панел дискусија во организација на „Само Ракомет“, посветена на улогата и иднината на ракометот во Македонија.
На панелот учествуваа претставници од ракометните институции, клубови и стручната јавност, меѓу кои и генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Влатко Тасевски, како и координаторот на машките национални селекции, Филип Миркуловски, кои разговараа за: развојот на ракометот во Македонија, вложувањата во младинските категории, инфраструктурата и условите за работа, улогата на федерацијата и клубовите и како ракометот да остане еден од најпрепознатливите спортови во државата.
Присутните ја истакнаа важноста од заедничка соработка помеѓу федерацијата, клубовите и локалните заедници, како и континуирана поддршка за младите таленти — основата на идните успеси на македонскиот ракомет.


(фото – РФМ)📷








