Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави списокот за ЕХФ неделата.
Машката репрезентација на Македонија за време на ЕХФ неделата во март ќе oдигра пријателски натпревар против селекцијата на Австрија. Натпреварот е закажан на 21 март во 18:00 часот во градот Брегенц, Австрија.
Селекторот Кирил Лазаров собирот го закажа на 17 март (вторник), во 13:30 часот во Скопје, во хотелот “Александар Палас”. На списокот повикани се 19 ракометари.

https://macedoniahandball.com.mk/wp-content/uploads/2026/03/spisok-igrachi-ehf-nedela-mart.pdf
(фото – РФМ)📷








