Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за 2. коло од плеј-офот и плеј-аутот од Супер лигата.
Судиската двојка Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе го судат дербито меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар, додека делегати ќе бидат Марјан Начевски и Лери Мирчески.
Натпреварот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се одигра на 15 март со почеток од 19:00 часот во салата “Боро Чурлевски”, во Битола.
(фото – Архива)📷








