Екипата на Деспина забележа победа на гостувањето кај екипата на Јехона со конечни 25-14 во Женската Прва лига.
Ракометарките на Деспина одиграа добар натпревар во текот на двете полувремиња и на крај да слават победа против Јехона.
Најефикасна во редовите на Деспина беше Матеа Христоска со шест гола, додека кај екипата на Јехона најефикасна беше Алтина Хасани со пет гола.
(фото – ЖРК Деспина)📷








