Екипата на Охрид ја очекува дерби натпревар против екипата на Алкалоид на домашен терен во 2. коло од плеј-офот од Супер лигата.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Томислав Јагуриновски, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Алкалоид.
“Во сабота не очекува тежок и важен меч на домашен терен. Ќе го дадеме нашиот максимум да ги задржиме двата бода и се надеваме на полна сала и голема поддршка”, – изјави ракометарот на Охрид, Томислав Јагуриновски.

(фото – ГРК Охрид)📷








