Тимот на Еурофарм Пелистер го очекува дерби натпревар против Вардар на домашен терен во 2. коло од плеј-офот од Супер лигата.
Екипата на Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи објави дека салата “Боро Чурлевски” е целосно распродадена за дербито со Вардар.
Натпреварот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се одигра на 15 март (недела) со почеток од 19:00 часот во натпревар од плеј-офот од Супер лигата.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








