Еурофарм Пелистер 2 победнички против Радовиш во плеј-аутот од Супер лигата

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа победа против екипата на Радовиш со конечни 34-31 во плеј-аутот од Супер лигата.

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 имаше водство во текот на целиот натпревар, иако составот на Радовиш се обидуваше да парира сепак загуби во Битола.

Најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беа Мохамед Азиз и Баптист Одифред со по седум гола, додека кај екипата на Радовиш најефикасни беа Славе Јанковски и Здравко Постолов исто така со по седум гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *