Екипите на Охрид и Алкалоид одиграа нерешено со конечни 27-27 во натпревар од плеј-офот од Супер лигата.
Во текот на целиот натпревар беше неизвесно и драматично имаше и исклучувања и се играше многу агресивно на двете страни, но на крај двете екипи одиграа нерешено.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Дарко Ѓукиќ со осум гола, додека кај екипата на Алкалоид најефикасен беше Никола Костески со шест гола.
(фото – ГРК Охрид)📷








