Екипата на Куманово забележа лесна и убедлива победа против екипата на Шампион со конечни 48-14 во Купот на Македонија.
Тимот на Куманово победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 29-8.
Најефикасни во редовите на Куманово беа Меланија Јовановска и Маријана Азеведо со по девет гола, додека кај екипата на Шампион беше Катерина Тошеска со пет гола.
(фото – ЖРК Куманово)📷








