Дафина Соколовска го продолжи договорот со Атлетик до 2029 година

Екипата на Атлетик, која има високи амбиции во Женската Прва лига го продолжи договорот со актуелна ракометарка.

Станува збор за ракометарката Дафина Соколовска, која го продолжи договорот со Атлетик до 2029 година.

Ракометарката Дафина Соколовска претходно има настапувано за екипите на Вардар и Металург.

“Од оваа сезона Дафина настапува за нашиот клуб ЖРК Атлетик. На заедничко задоволство, се согласивме да го продолжиме договорот”, – објавија од ЖРК Атлетик на социјалните мрежи.

(фото – ЖРК Атлетик)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *