Во просториите на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) беше извршена ждрепката за четвтфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција.
Екипата на Спартак ќе игра против Атлетик, додека Ѓорче Петров ќе игра против Ѓорче Петров 2.
Тимот на Овче Поле Славјански Универзитет ќе игра против составот на Чаир, додека Пелистер го доби тимот на Куманово за противник.
Натпреварите од четвртфиналето ќе се одиграат на 25 и 26 март.
Куп на Македонија (жени), четвртфинале:
ЖРК Пелистер – ЖРК Куманово
ЖРК Ѓорче Петров – ЖРК Ѓорче Петров 2
ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет – ЖРК Чаир
ЖРК Спартак – ЖРК Атлетик
(фото – ЖРК Чаир)📷








