Екипата на Ѓорче Петров забележа висока и убедлива победа против екипата на Астибо со резултат 38-20 во Женската Супер лига.
Составот на Ѓорче Петров и на полувреме имаше високи 21-10, па така на крај да слави убедлива победа против Астибо.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со осум гола, додека кај Астибо најефикасна беше Жанет Мутемека со девет гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷








