Екипата на Вардар забележа висока победа против екипата на Пелистер со конечни 37-26 во натпревар од Женската Супер лига.
Тимот на Вардар имаше водство во текот на целиот натпревар, па на крај да слави победа против Пелистер.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Нина Попова со осум гола, додека кај Пелистер најефикасна беше Невена Бундоска исто така со осум гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷








