Ракометниот клуб Вардар започнува иницијатива за зачувување на клупската историја преку формирање на нова трофејна соба во рамките на салата „Расадник“.
“Со оваа иницијатива сакаме да ги собереме и зачуваме оригиналните дресови со кои Вардар настапувал низ годините. Дел од нив веќе се наоѓаат во сопственост на клубот, но нашата желба е да ја комплетираме колекцијата и да обезбедиме што повеќе оригинални и добро сочувани дресови од различни периоди”, – објавија од Рк Вардар 1961.
Како благодарност, клубот ќе обезбеди: нов дрес или комплет, сезонски билет, ВИП пристап во салата, средба со тимот и организирана тура низ салата и средба со ракометарите.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








