Екипата на Ѓорче Петров славеше убедлива победа на гостински терен во 7. коло од Женската Суперлига против екипата на Спартак со 17-36.
Ракометарките на Ѓорче Петров во првото полувреме кога имаа високо водство од 4-9,пополека почнаа да ја најавуваат победата, додека на полувремето беше 8-17 за составот на Спартак.
Второто полувреме беше само потврда за победата на екипата на Ѓорче Петров. Најефикасна во составот на Ѓорче Петров беше Ана Марија Коларовска со шест погодоци,додека најефикасна во составот на Спартак беше Ангела Гроздановска со четири голови.
ЖРК Спартак 17-36 ЖРК Ѓорче Петров
(фото-ЖРК Ѓорче Петров)