Во просториите на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) беше извршена ждрепката за полуфиналето од Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
Во првото полуфинале ќе играат екипите на Пелистер и Ѓорче Петров, додека во второто полуфинале ќе играат екипите на Спартак и Чаир.
Ф4 турнирот во Купот на Македонија ќе се одигра од 17 до 19 април во Струмица во салата “Парк”.
(фото – РФМ)📷








