Екипата на Прилеп забележа победа против екипата на Тинекс Пролет со минимални 30-29 во плеј-аутот од Супер лигата.
На полувреме беше нерешено со конечни 15-15. Во второто полувреме двете екипи одиграа добро, но во последните неколку секунди Иван Ангелески одбрани пенал на Стоилевски и така Прилеп оствари победа против Тинекс Пролет.
Најефикасен во редовите на Прилеп беше Никола Шипинкоски со седум гола, додека кај Тинекс Пролет најефикасен беше Ласко Андоновски со седум гола.
(фото – Рк Прилеп)📷








