ЖРК Вардар

Вардарки се мачеа,но ја совладаа Стружанка

Ракометарките на Вардар се мачеа,но ја совладаа екипата на Стружанка на домашен терен во натпревар од 7. коло од Женската Суперлига со резултат 32-27.

Вардарки беа фаворитки на овој натпревар,откако улогата ја оправдаа цело прво полувреме, за на полувремето да заминат со 18-14.

Продолжението од мечот беше неизвесно,но домашната екипата успеа да дојди до минимална предност за во вториот дел да ја потврди победата и првото место во групата Б.

Како најдобар стрелец во екипата на Вардар се истакна Бојана Диневска со 11 голови,додека кај екипата на Стружанка како најдобар стрелец се истакна Магдалена Делиоска со 10 погодоци.

ЖРК Вардар 32-27 ЖРК Стружанка

(фото-Вардарфанс)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести