Екипата на Еурофарм Пелистер, која има високи амбиции во плеј-офот од Супер лигата го продолжи договорот со актуелен ракометар.
Станува збор за пикерот Никола Граховац, кој го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер и за следната сезона.
“Потребни ни беа само неколку натпревари да го забележиме неговиот квалитет и да констатираме дека Никола Граховац и Еурофарм Пелистер се создадени едно за друго. Затоа со задоволство ја запознаваме јавноста со новиот договор за сезоната 2026/27, со опција и за сезоната 2027/28”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер.
Граховац пред да дојде во Македонија настапуваше во Хрватска, Унгарија и Германија. Кружниот напаѓач и во иднина ќе ги радува битолските навивачи, а со македонските репрезентативци – Жарко Пешевски и Самоил Ристевски ќе формираат огромен капитал на една од клучните позиции во ракометната игра.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








