Ракометарките на Металург славеа победа на гостински терен во Штип против екипата на Астибо во натпревар од 7. коло од Женската Суперлига, со резултат 19-32.
Металург беше фаворит уште од самиот почеток кога до крајот на првото полувреме имаше водство од од 9-16. И во продолжението од второто полувреме ракометарките на Металург ја одржуваа предноста за на крај да си заминат со победа и нови три бода во Суперлигата.
Најефикасна во екипата на Металург беше Ивана Арсениевска со пет погодоци, додека кај екипата на Астибо најефикасна беше Драгана Стојанова со девет погодоци.
ЖРК Астибо 19-32 ЖРК Металург
(фото-ЖРК Металург)