Екипата на Еурофарм Пелистер ја очекува дерби натпревар на домашен терен против тимот на Охрид во плеј-офот од Супер лигата.
Од екипата на Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи објавија дека се пуштени во продажба билетите за натпреварот со Охрид.
Натпреварот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Охрид ќе се одигра на 8 април со почеток од 18:00 часот во салата “Боро Чурлевски”, во Битола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








