Пионерската екипа на Прилеп им се врати на победите во пионерската лига, откако ја совладаа екипата на Еурофарм Пелистер во пелагониското дерби со високи 18-14 во натпревар од 16. коло.
Ракометарите на Прилеп имаа водство во текот на целиот натпревар, па така на крај да слават победа во пелагониското дерби против Еурофарм Пелистер.
Најефикасни во екипата на Прилеп беа Марко Ивчев со шест гола и Бојан Наскоски со четири гола, додека кај Еурофарм Пелистер најефикасен беше Иван Светиев со четири гола.

(фото – Рк Прилеп)📷








