Екипата на Охрид ја очекува натпревар против екипата на Еурофарм Пелистер во полуфиналето од Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Кристијан Пилиповиќ, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Еурофарм Пелистер.
“Се радуваме на овој турнир, ова е наша прва прилика за освојување трофеј. Ривалите ни се на врвно ниво, а полуфинале против екипа од Лигата на шампиони претставува голем предизвик. Ќе дадеме се од себе да создадеме шанса за да продолжиме понатаму и да ја искористиме”, – изјави ракометарот на Охрид, Кристијан Пилиповиќ.

(фото – ГРК Охрид)📷








