Судот на Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука за случајот со судиската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Судиската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов доби суспензија од две години забрана за вршење на функција на ЕХФ.
Исто така секој судија мора да плати казна од 5000 евра за фундаментални прекршувања на Кодексот на однесување на ЕХФ.
„Ракометниот суд на ЕХФ донесе одлука во случајот отворен против македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Пред машкото Европско првенство годинава, ЕХФ ја повлече номинацијата на двајцата судии од Македонија поради наводна манипулација со прикачените видео снимки од таканаречениот „Тест за кондиција во повеќе фази“.
Врз основа на анализата на партнерот за интегритет на Европската ракометна федерација, „Спортрадар“, Ракометниот суд заклучи дека спорните видеа биле манипулирани и затоа ги изрече следните санкции.
Двајцата судии се суспендирани од извршување на каква било функција во рамките на ЕХФ и учество во какви било активности на ЕХФ во период од две години од датумот на првостепената одлука поради сериозно неспортско однесување.
Секој судија мора да плати казна од 5000 евра за фундаментални прекршувања на Кодексот на однесување на ЕХФ. Жалба на оваа одлука може да се поднесе до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена“, стои во соопштението на ЕХФ.
(фото – Архива)📷








