Мохаб Абделхак е ново засилување на Вардар

Ракометниот клуб Вардар го засили својот ростер со ангажманот на десниот бек Мохаб Абделхак, еден од најперспективните египетски ракометари од својата генерација.

Станува збор за леворак бек кој доаѓа од германскиот гигант Кил, а зад себе веќе има сериозно меѓународно искуство и настапи на високо ниво и покрај младата возраст. Абделхак е роден на 20 јануари 2003 година во Каиро, игра на позицијата десен бек и е дел од сениорската репрезентација на Египет.

Новиот член на „црвено-црните“ својата кариера ја градеше во силна и препознатлива средина. Првите големи чекори ги направи во Ал Ахли, еден од најтрофејните клубови во Египет, а потоа следуваше трансфер во француски Ним, каде што продолжи да се развива во едно од најквалитетните европски првенства. Добрата игра во Франција му донесе и трансфер во Кил, клуб кој официјално го претстави како млад египетски репрезентативец и значајно засилување за составот.

„Овој трансфер во РК Вардар претставува огромен чекор напред во мојата кариера и горд сум што доаѓам во клуб со толку силна историја и амбиција. Возбуден сум што ќе ја развивам својата игра, што ќе се натпреварувам на повисоко ниво и што ќе го дадам максимумот за тимот. Моите очекувања се да напредувам секој ден и да придонесам за заеднички големи резултати“, – изјави Абделхак. 

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *