Ракометниот караван организиран од Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) продолжува во Струмица.
На 18 април со почеток од 12:00 часот во спортската сала “Парк”, во Струмица ќе биде следната станица на ракометниот караван организиран од Ракометната Федерација на Македонија.
Специјални гости на настанот ќе бидат тренерот на Ѓорче Петров 2, Милева Велкова, селекторот на пионерите Никола Матлиески и некогашниот тренер на Струмица, Ванчо Трендафилов.

(фото – РФМ)📷








