Женската сениорска репрезентација на Македонија ги доби противниците за Европското првенство 2026 година.
Европското првенство 2026 година ќе се одржи во пет држави и тоа во: Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција.
Сениорките на Македонија се во група со селекциите на Норвешка, Романија и Швајцарија. Натпреварите ќе се играат во Клуж (Романија). Европското првенство 2026 година ќе се одржи од 3 до 20 декември.

(фото – ЕХФ)📷








