Куманово го совлада Пелистер во Женската Супер лига

Ракометарките на Куманово забележаа победа на домашен терен против ракометарките на Пелистер со конечни 27-24 во Женската Супер лига.

Составот на Куманово и на полувреме имаше водство од 15-13. Во второто полувреме Пелистер се обидуваше да се врати, но на крај Куманово ги освои бодовите.

Најефикасни во редовите на Куманово беа Ангела Шехтанска, Маријана Азеведо, Аманда Стеин и Росана Павлова со по пет гола, додека кај Пелистер најефикасна беше Анастасија Тодоровска исто така со пет гола.

(фото – ЖРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *