Екипата на Ѓорче Петров го совлада тимот на Спартак со резултат 33-30 и го освои Купот на Македонија.
По завршувањето на Ф4 турнирот од Купот на Македонија беа прогласени најдобрите на овој турнир.
За МВП, односно најкорисен играч беше прогласена ракометарката Марија Гугуљанова од Ѓорче Петров, додека за најдобар голман беше прогласена Слободанка Кицеска од Спартак, а најдобар стрелец на овој турнир беше Сузана Зечевиќ исто така од Спартак.

(фото – 24Ракомет)📷








