Екипата на Охрид ја очекува реванш натпревар на домашен терен против екипата на Целје во полуфиналето од Европскиот Куп.
На социјалните мрежи од екипата на Охрид објавија дека салата “Билјанини Извори” е целосно распродадена за натпреварот со Целје.
Натпреварот меѓу екипите на Охрид и Целје ќе се одигра на 2 мај (сабота) со почеток од 19:00 часот.

(фото – ГРК Охрид)📷








