Екипата на Еурофарм Пелистер, која има високи амбиции во Супер лигата за следната сезона промовираше нов ракометар.
Станува збор за ракометарот и десното крило Ненад Белистојаноски кој од следната сезона ќе настапува за првиот тим на Еурофарм Пелистер.
Младинското репрезентативно крило, Ненад Белистојаноски, од сезоната 2026/27 ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Тој се обврза на договор до јуни 2028 година со шампионот на Македонија.
21-годишното десно крило е родено во Прилеп, но целосно се изгради како ракометар во Битола, ги прескокна сите скалила и дојде пред вратите на сениорскиот тим.
Официјалното претставување на Белистојаноски како член на Еурофарм Пелистер е предвидено на почетокот од подготовките за следната сезона.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








