Екипата на Охрид ја очекува реванш натпреварот против Целје на домашен терен во полуфиналето од Европскиот Куп.
Од клубот Охрид организираат фан-зона пред натпреварот со Целје, која ќе биде пред салата “Билјанини Извори”.
“Дојдете во фан зоната пред салата „Билјанини Извори“ во сабота, од 16.30ч. до пред почетокот на натпреварот. Во фан зоната ќе биде отворен и нашиот фан шоп каде што може да набавите дресови, маици, шалчиња и други реквизити од ГРК Охрид”, – објавија од ГРК Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷








