Тилен Стрмлјан: Не очекува еден тежок натпревар против екипата на Алкалоид

Екипата на Охрид ја очекува натпревар на гостински терен против тимот на Алкалоид во рамки од плеј-офот од Супер лигата.

За овој натпревар своја изјава имаше ракометарот на Охрид, Тилен Стрмлјан, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат против Алкалоид.

“Повторно не очекува еден тежок натпревар против екипата на Алкалоид. Имаме напорен ритам на натпревари, така што прво мораме да се регенерираме, па во вторник да покажеме срце на терен. Натпреварот ќе биде интересен, затоа ги повикувам нашите навивачи да ни се придружат и да ни пружат поддршка која сигурно ќе ни биде потребна”, – изјави ракометарот на Охрид, Тилен Стрмлјан.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *