Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров остварија победа во групата А од Првата лига, откако на домашен терен ја совладаа екипата на Астраион од Струмица со резултат 31-30.
Двете екипи во текот на првото полувреме се обидуваа да го превземат водството, но екипата на Астраион на полувреме го превзеде водството 16-17.
И во второто полувреме исто така беше неизвесно затоа што Македонија Ѓорче Петров израмни и го превзеде водството кое го сочува до крај. Во последните секунди од натпреварот екипата на Астраион имаше напад за реми но него искористи тоа затоа што голманот на Македонија Ѓорче Петров Дејан Трајановски му го одбрани ударот на Иванче Ончев, за победа на својот тим.
Најдобар стрелец во екипата на Македонија Ѓорче Петров беше Владимир Спировски со 12 погодоци, додека кај екипата на Астраион најдобар стрелец беше Иванче Ончев со 13 погодоци.
Рк Македонија Ѓорче Петров 31-30 Рк Астраион
(фото-Рк Македонија Ѓорче Петров)