Ракометарите на Младост 1977 продолжуваат со победите во Првата лига, на домашен терен совладана екипата на Преспа од Ресен со конечни 22-20.
Екипата на Преспа на почетокот поведе со три гола разлика, но до крајот на првото полувреме екипата на Младост влезе во серија и на полувреме беше 13-7 за домашниот тим. Второто полувреме беше само формалност за победата на Младост затоа што заводи дури десет гола разлика, за на крај составот на Младост освои нова победа и нови три бода.
Најефикасен во составот на Младост 1977 Богданци беше Саше Михајловиќ со шест погодоци, додека кај екипата на Преспа најефикасен беше Андреј Божиновски со пет погодоци.
Рк Младост 1977 Богданци 22-20 Рк Преспа 2015
(фото-Рк Младост 1977 Богданци)