Еурофарм Пелистер ќе биде само посилен и пообединет за следната сезона. Клубот доби голема поддршка со потписот на спонзорски договор со голема корпорација.
Нови спонзори во ракометниот клуб Еурофарм Пелистер се трите компании „Пелистерка“, „ЗК Пелагонија“ и „Здравје Радово“.
Претседателот искажа голема благодарност до сопственикот на групацијата Цветан Панделевски и неговиот тим за како што рече, разбирањето кое што го имаат кон клубот, желбата да се помогне и идејата заедно да се направи повеќе.
По потпишувањето на договорот, Панделевски од страна на клубот доби дрес со неговотото презиме и бројот 27, кој всушност е денот на неговиот роденден.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷











