Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет забележа висока победа против Јехона со 49-21 во Женската Прва лига.
Составот на Овче Поле Славјански Универзитет победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со 23-7.
Најефикасна во редовите на Овче Поле Славјански Универзитет беше Анастасија Сентовска со 14 гола, додека кај Јехона најефикасна беше Алтина Хасани со шест гола.
(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷








