Екипата на Алкалоид е шампион во пионерската лига, откако во финалето ја совлада екипата на Охрид со 28-20.
Во натпреварот за 3. место, односно за бронзата Мулти Есенс беше подобар од Еурофарм Пелистер 2 со 26-22.
Во првото полуфинале Алкалоид го доби тимот на Мулти Есенс со конечни 24-20, додека во второто полуфинале Охрид беше подобар од Еурофарм Пелистер 2 со резултат 14-13.

(фото – РФМ)📷








