Екипата на Деспина забележа победа против екипата на Овче Поле Славјански Универзитет со конечни 31-28 во натпревар од Женската Прва лига.
Иако до самиот крај беше неизвесно сепак на крајот од натпреварот на победа се радуваше екипата на Деспина.
Најефикасна во редовите на Деспина беше Маја Ристеска со 11 гола, додека кај Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Анастасија Сентовска со 8 гола.
(фото – ЖРК Деспина)📷








