Екипата на Еурофарм Пелистер, која има високи амбиции во Супер лигата се засили со нов ракометар.
Станува збор за 20-годишниот лев бек Малик Татар кој е ракометар на Еурофарм Пелистер за следната сезона.
Се работи за словенечки потенцијал, со проекција за голема кариера и сигурен напредок. Тој е роден во Целје, се афирмира во Горење Велење, а ги мина и сите младински категории на словенечката репрезентација.
Татар се обврза на двегодишен договор со клубот и ќе биде претставен на почетокот на подготовките за следната сезона.
Татар е петто засилување за тимот на Лино Червар за сезоната 2025/26 по Котар, Серафимов, Белистојаноски и Џелиловиќ.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








