Екипата на Ѓорче Петров 2 забележа висока победа против екипата на Шампион со убедливи 39-17 во Женската Прва лига.
Составот на Ѓорче Петров 2 победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со високи 21-8.
Најефикасни во редовите на Ѓорче Петров 2 беа Марија Димоска и Сара Ристовска со по девет гола, додека кај Шампион најефикасна беше Далила Зекир со шест гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров 2)📷








