Екипата на Алкалоид оствари победа против екипата на Бутел Скопје со конечни 37-21 во натпревар од плеј-офот од Супер лигата.
Составот на Алкалоид го имаше водството во текот на целиот натпревар, па на крај да слави висока победа против Бутел Скопје.
Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Улфар Тордарсон со седум гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Мице Шилегов со пет гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷








