Екипата на Алкалоид за следната сезона ќе остане без тројца ракометари, откако го напуштаат тимот на крајот од сезоната.
Станува збор за ракометарите Никола Маркоски, Мартин Ивановски и Кристијан Симоноски кои си заминуваат од клубот.
“Никола Маркоски, Кристијан Симоноски и Мартин Ивановски, Ви благодариме! РК Алкалоид пред последниот домашен меч од сезоната им додели благодарници на тројцата играчи и им посака среќа во понатамошниот дел од кариерата”, – објавија од Рк Алкалоид на социјалните мрежи.

(фото – Рк Алкалоид)📷








