Судиската двојка Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески стави крај на судиската кариера и двајцата заминуваат во судиска пензија.
Судиите Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески како судии беа активни 27 години, каде отсудија над 900 натпревари во нивните судиски кариери.
Во објавата двајцата упатија благодарност до ракометните клубови, играчите, тренерите и колегите судии за довербата и почитта, како и до Ракометната федерација на Македонија за укажаната можност и верата во неговата работа. Посебно место во пораката има и семејството, за разбирањето, трпението и поддршката низ сите овие години.

(фото – Фејсбук/Рубинчо Седлоски)📷








