Потпретседателот на ЕХФ, Предраг Бошковиќ на средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков (ФОТО)

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков оствари средба со потпретседателот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Предраг Бошковиќ.

​”Заедно разговаравме за иднината на ракометот, за возбудата која нè очекува со претстојниот финален натпревар, но и за визијата и амбициозните планови на нашиот ГРК Охрид. ​Посебно ме радуваат честитките кои ги добивме за нашиот проект и за досегашните успеси. Тоа е силна потврда дека се движиме во вистинската насока. Ракометот во Охрид има светла иднина, а ние продолжуваме да работиме уште посилно за нови победи и успеси”, – стои во соопштението на Кирил Пецаков.

Екипата на Охрид утре (недела) со почеток од 20:00 часот во салата “Билјанини Извори”, ќе го одигра вториот натпревар од финалето од Европскиот Куп против Татабања.

(фото – ГРК Охрид)📷



Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *