Екипата на Вардар, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата договори нов млад ракометар.
Станува збор за ракометарот Марко Ѓорчески. Ѓорчески настапува на левата бековска позиција и ги покрива централните позиции во одбраната.
Тој е дел од кадетската репрезентација на Македонија и беше еден од најдобрите играчи во генерацијата која го освои училишното првенство кое неодамна се одржа токму во нашата држава.
Својата кариера ја започна во академија Алушовски, а потоа беше дел од Металург, Скопје, Голден Арт и Пролет.
“За мене е особена чест и задоволство што станав дел од РК Вардар. Ова е сон на секој млад ракометар. Вардар е голем клуб со богата традиција и високи амбиции. Ќе дадам се од себе за да ја оправдам довербата на клубот, тренерите и навивачите. Со нетрпение го очекувам стартот на новата сезона, за мој максимален придонес за успесите на тимот”, – изјави Марко Ѓорчески.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








