Репрезентативката на Македонија, Ивана Гакидова на крајот од сезоната го напушта тимот на Кобержице.
Ракометарката Ивана Гакидова во Кобержице пристигна во 2025 година и таа после една сезона го напушта тимот.
„Многу сум среќна и благодарна за оваа сезона помината во КПР Кобержице. Тоа беше време полно со напорна работа, предизвици, емоции и незаборавни моменти што ми овозможија да растам и како играч и како личност. Ќе го паметам Кобержице не само по ракометот, туку пред се по неверојатните луѓе што ги запознав тука. Многу од нив станаа мои вистински пријатели и тоа е нешто што секогаш ќе го носам со себе. Од клубот, до моите соиграчи, до сите околу тимот, ви благодарам што ме натеравте да се чувствувам како дома тука од првиот ден. И секако, посебна благодарност до навивачите. Вашата поддршка, енергија и страст за време на секој натпревар значеа огромно за мене и за целиот тим. Бевте со нас во добри и тешки времиња и таа поддршка засекогаш ќе остане во моето срце. Оваа сезона беше многу емотивна и интензивна, но и прекрасна на многу начини. Горда сум што бев дел од овој клуб и од ова заедничко патување. Ви благодарам, Кобержице, за сите спомени“, – изјави Ивана Гакидова.

(фото – ЖРК Кобержице)📷








