Порталот 24Ракомет осма сезона по ред го избира идеалниот тим на сезоната во Супер лигата во машка конкуренција.
Во Ол Стар тимот на сезоната 2025/2026 се најдоа: Дејан Манасков (лево крило, Еурофарм Пелистер), Филип Кузмановски (лев бек, Еурофарм Пелистер), Јака Малус (среден бек, Вардар), Урош Митровиќ (десен бек, Вардар), Дарко Ѓукиќ (десно крило, Охрид), Милан Лазаревски (пикер, Вардар), Кристијан Пилиповиќ (голман, Охрид), Ориол Реј Моралес (дефанзивец, Охрид), Димитар Узунчев (млад ракометар, Бутел Скопје), Иван Чупиќ (тренер, Вардар).

(фото – 24Ракомет)📷








