Игор Илиевски е нов селектор на машката младинска репрезентација на Македонија

Машката младинска репрезентација на Македонија во иднина ќе биде предводена од тренерот Игор Илиевски.

Тренерот Игор Илиевски доаѓа на местото на Наум Танески, кој си поднесе оставка од функцијата селектор на машката младинска репрезентација на Македонија.

“Ракометната федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по поднесената оставка од селекторската функција на машката младинска репрезентација (М20) од страна на г-дин Наум Танески, за нов селектор на националниот тим е назначен г-дин Игор Илиевски. Г-дин Илиевски ќе ја предводи машката младинска репрезентација на Македонија на претстојното Европско првенство за играчи до 20 години, кое ќе се одржи во Романија. Ракометната федерација на Македонија му се заблагодарува на г-дин Наум Танески за неговиот ангажман и придонес во работата со младинската репрезентација, а на г-дин Илиевски му посакува успешна работа и многу успех на претстојното Европско првенство”, – објавија од Ракометната Федерација на Македонија на социјалните мрежи.

(фото – РФМ)📷





Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *